See more of Миленко Неделковски on Facebook
Recent Post by Page
На крајот на летото направив акција за донирање на фамилија со три м...али девојчиња. Куќата во селото во Централна Македонија им изгоре.
Беа донирани пари, помогна градоначалникот, кујна обезбедува Арнаудова со нејзината емисија - па сега фамилијата добива кров над глава.
Додека бев на пат пред Н. Година, направив Вибер група каде замолив пријатели и познаници да донираат користени мобилни, лап топи, телевизор и при пејд картички за други две сестрички од едно друго селско семејство кое на децата (6 и 9 год.) не можеше да им обезбеди вакви нешта, сега неопходни за основна школска настава.
Денеска се доставени двата Самсунг мобилни, новогодишни пакетчиња и две при пејд картички. Два донирани лаптопи се на преформатирање, а телевизор кој ми е ветен очекувам секој момент.
Вакви хуманитарни потези ме прават горд и среќен. И, во исто време ме потсетуваат што се' човек треба да е. Односно дека "мегаломанските желби и потреби" на АгнАса кој и ги овозможувал владиниот службеник Роберт Орданоски не се среќата во животот. Исто како и златниот прибор во домот на Муртинското говедо.
Среќа е кога помагаш колку можеш, а не кога трошиш колку што со функцијата можеш да украдеш.
Секако, идентитетот на двете фамилии и сите 5 девојчиња ќе останат тајна за јавноста (нив ги знаат луѓето што донирале), бидејки немам намера да ги правам "славни" ко "фотошоп барбиката" и нејзините ќерки.
Помогнете им на тие на кои им треба.
Вашите ботокси никому, дури и на црвите во вашиот гроб, не им требаат. See More
АгнАса во потрага по финансиер за одржавање на Duck face...
Туку, О...бвинителство по допрен глас од самите актери, ќе се распраша ли од каде се обезбедени парите за "мегаломанските желби и потреби"?!
Бидејки сопругот на АгнАса, сепак бил само државен службеник!!!
Ама па од друга страна, кога бивш полицициски службеник може да е газда на елитен хотел во Скопје, а поранешен пратеник да е сопственик на хотел во Велес и уште еден на Велешко езеро - тогаш што да не и овој да плаќал ботокси. See More